Кошарка

Ентони: Њујорк ќе освоеше шампионска титула ако го обереше Стеф Кари

Ентони: Њујорк ќе освоеше шампионска титула ако го обереше Стеф Кари

Кармело Ентони верува дека Њујорк никс имаше шанса за шампионска титула во 2010-тите.

Поранешната НБА ѕвезда смета дека такво нешто ќе се случеше ако Никси го имаа Стеф Кари во тимот.

Во 2009 година, Кари беше избран од Голден Стејт вориорс како седми пик на НБА драфтот. Никсите го избраа Џордан Хил како осми избор.

– Што ќе се случеше ако Никсите го избраа Кари? Ќе имаа освоено шампионска титула. Дони Волш го водеше тимот во тоа време и мислам дека сакаше да го земе Стеф. Јас, Амаре, Стеф, можевме да го направиме тоа со него дури и со договор за почетник, убеден е Ентони.

Кари има четири шампионски титули со Голден Стејт вориорс (2015, 2017, 2018 и 2022 година).

To top