Кошарка

Ентони Дејвис се повреди во дебито за Далас (ВИДЕО)

Ентони Дејвис се повреди во дебито за Далас (ВИДЕО)

Далас Маверикс во првиот меч пред домашната шублика, по трејдот на Лука Дончиќ, во дербито на тексас го победија Хјустон со 116:105.

Ол стар играчот, кој како дел од размената за Дончиќ пристигна во Далас, за нешто помалку од 31 минута на теренот забележа 26 поени, 16 скокови, седум асистенции и три блокади.

Особено импресивен беше во првото полувреме, кое го заврши со 24 поени, 13 скокови, пет асистенции и три блокади.

Она што може да биде проблем за Далас е што Дејвис се повреди во третиот период. Замина во соблекувалната не се врати на теренот.

Далас фуриозно го отвори натпреварот, во еден момент, во втората четвртина, Маверикс водеа со 21 поен разлика, а во првиот дел постигнаа 65 поени.

To top