Кошарка

Ембид: Ја одбрав Америка бидејќи сум тука половина од мојот живот

Ембид: Ја одбрав Америка бидејќи сум тука половина од мојот живот

Американскиот кошаркар Џоел Ембид проговори за причините поради кои одбрал да игра за оваа селекција. Ембид имашe можност да игра за родниот Камерун, но и за Франција, но на крајот се реши за САД.

„Беше добро. Сонував за ова уште кога бев дете“, изјави Ембиид за Ен-Би-Си.

Тој беше прашан за неговата одлука да ја избере Америка, одлука која предизвика бес во Франција.

„Изградив многу во Америка, имам семејство овде, тука сум половина од мојот живот. Имаше многу смисла, а потоа секако тука е и оваа група на момци. Ги познавам долго време и се чувствувам комфорно, како што реков, тајмингот беше вистинскиот“, истакна Ембид.

To top