Кошарка

Ели Окобо од Монако е МВП на 14-то евролигашко коло

Ели Окобо од Монако е МВП на 14-то евролигашко коло

Францускиот бек Ели Окобо блесна во последното коло на Евролигата и ја освои наградата за најкорисен играч (МВП).

Кошаркарот на Монако дигра извонреден натпревар во високата победа над Париз Баскет со 125-104, при што забележа 26 поени, осум асистенции и четири скока. Неговиот индекс на корисност достигна 39 – највисок на мечевите во целото коло.

Ова признание претставува уште едно во низата блескави изданија на Окобо во текот на сезоната, а воедно и четврти пат во неговата кариера да се најде на врвот како МВП на едно коло.

Неговиот тим продолжува да ја гради формата, а Окобо се наметнува како една од клучните фигури во нивната игра.

To top