Новата сезона во АБА2 лигата започна, МЗТ Скопје стартуваше со сигурна победа, денес свој настап ќе има и најтрофејниот македонски клуб – Работнички.
Прв противник на „центарци“ ќе биде Сутјеска, а капитенот Виктор Ефремовски смета дека Работнички својата нова сезона ќе ја започне со победа во јадранското натпреварување.
„Вистинска чест е тоа што и оваа сезона ќе бидам капитен на тимот и среќен сум што по три години се вративме во АБА 2. Пред нас е одлична сезона со многу натпревари на кои ќе можеме да го покаже нашиот квалитет. Целта е оваа година да постигнеме многу поголем успех од минатата година, а тоа ќе го оствариме со максимален фокус и поддршка од нашите навивачи. Подготвени сме да го пречекаме противникот в четврток и со победа да ја отвориме оваа сезона“, рече Ефремовски.