Кошаркарот на Минесота Едвардс не забележа некој посебен учинок на Олимписките игри и потфрли во моментите во кои се издвоија ѕвезди како Кари, Леброн и Дурент, но откако си даде за право да омаловажи голем број играчи од минатото, пристигна одговор и од легендарниот Меџик Џонсон.
– Сите зборуваат за кошарката во минатото, но јас немам гледано натпревари од тоа време. Сите велат дека се играло поцврсто, но јас не верувам дека тие играчи биле поквалитетни од нас. Мајкл Џордан бил единствениот добар кошаркар од таа генерација, само тој имал посебни вештини. Токму поради тоа, сите беа воодушевени кога се појави Коби Брајант, не можеа да веруваат што гледаат. За разлика од тогаш, сега сите играчи се квалитетни во НБА лигата, – изјави Едвардс, по што брзо со реакција се јави Џонсон.
– Нема да им одговорам на луѓе кои не освоиле ништо во кариерата. Тој нема освоено шампионски прстен во НБА, не беше шампион ниту во НЦАА лигата, не знам дали воопшто освоил нешто и додека учел во средно, – гласи бруталната порака од Џонсон.