Американскиот плејмејкер Џон Вол реши да стави крај на кариерата.
Пензионирањето го објави на социјалните мрежи. По 11 сезони во НБА, 34-годишниот плејмејкер рече: „Пензиониран, но не сум готов“.
Вол беше прв пик на драфтот во 2010 година, кога по една сезона во Кентаки под водство на Џон Калипари, заедно со Демаркус Казинс, Ерик Бледс и Патрик Патерсон, пристигна во најсилната лига во светот.
Тој играше за Вашингтон Визардс од 2010 до 2020 година, а потоа играше за Хјустон Рокетс и Лос Анџелес Клиперс, а од 2023 година, Џон Вол нема тим.