Американскиот кошаркар Леброн Џејмс изјави дека целата кошаркарска репрезентација на САД го поддржува нивниот соиграч Џоел Ембид.
Центарот на Филаделфија, кој доби француски пасош, реши да игра за американскиот тим на Олимпијадата во Париз и поради оваа одлука француските навивачи со свирежи реагираат на секој контакт на Ембид со топката за време на натпреварите.
– Ние како тим сме на страната на Џо. Тој е расположен, сите сме расположени. Сите 11 соиграчи на Џо даваат поддршка на и надвор од теренот доколку му е потребна, изјави американскиот кошаркар.