Џејмс Харден ќе остане во Лос Анџелес Клиперс уште две сезони, откако се согласил да ја продолжи соработката за 70 милиони долари, пренесува „ЕСПН“.
Клиперси на тој начин успеаја да задржат една од двете ѕвезди кои беа слободни на пазарот, откако Пол Џорџ се договори со Филаделфија.
Во текот на целата сезона тој потенцираше колку е среќен во Лос Анџелес, а 35-годишниот играч во просек постигнуваше 16,6 поени со 8,5 асистенции, што е негова најдобра сезона од 2017/2018 година.