Кошарка поради настинка

Џејмс го пропушти мечот со Минесота

Триесет и деветгодишниот кошаркар го пропушти 11-от натпревар од сезоната 2023/24. Неговиот просек е 25,4 поени, 7,2 скока и 8,2 асистенции по натпревар.

Џејмс го пропушти мечот со Минесота

Леброн Џејмс поради настинка го пропушти мечот на Лос Анџелес лејкерс со Минесота тимбервулвс рано утрово.

Тимот од Лос Анџелес без својата прва ѕвезда во составот, загуби со 127:117.

Во саботата, Леброн им помогна на Лејкерси да ги совладаат Кливленд кавалирс, постигнувајќи 24 поени и 12 асистенции.

Триесет и деветгодишниот кошаркар го пропушти 11-от натпревар од сезоната 2023/24. Неговиот просек е 25,4 поени, 7,2 скока и 8,2 асистенции по натпревар.

По 79 одиграни натпревари сезонава во НБА-лигата, Лејкерс имаат биланс 45 победи и 34 порази и се наоѓаат на 9. место во Западната конференција.

To top