Новото засилување на Дубаи, Џанан Муса, кој беше повреден уште од октомври минатата година, конечно се врати во тимот и му се стави на располагање на стручниот штаб.
Се очекува Муса да настапи за Дубаи веќе овој викенд, кога тимот ќе игра против Клуж во АБА лигата.
Босанскиот репрезентативец дојде во Дубаи од Реал Мадрид, но не играше повеќе од три месеци, а се смета за еден од главните играчи во тимот.