За 27-ми октомври е закажана церемонијата на откривање на голема статуа на прославениот кошаркар на Мајами Хит, Двејн Вејт.
Од 16 сезони во НБА, Двејн Вејт дури 15 ги играше во дресот на Мајами. Беше МВП на Ол-Стар на кој настапи дури 13 пати, беше два пати биран во тимот на годината, освои златен и бронзен медал со САД на Светско првенство и Олимписки Игри.
Минатиот јануари првиот човек на клубот, Пат Рајли соопшти дека првата статуа во историјата на Мајами Хит ќе биде посветена на Вејд, ќе биде отворена на 27-ми октомври во пресрет на мечот со Детроит Пистонс на отворање на сезоната.