Израел и САД денеска го нападнаа Иран, а тоа направи проблеми и за другите држави во регионот.
Аеродромот во Дубаи е затворен, а откажан е и турнирот во јуниорската Евролига.
Затворањето на аеродромот е хендикеп за КК Партизан откако двајца негови играчи Шејк Милтон и Дилан Осетковски останаа „заглавени“.
Тие се безбедни и се бараат алтернативи за да ја напуштат земјата.