Двајт Хауард кој во кариерата осум пати беше дел од Ол-старот на НБА лигата и еднаш ја освои шампионската титула цели кон премин во некој од европските клубови. Агентот на 37-годишникот го нуди својот кошаркар на тимовите од Евролигата и Еврокупот.
Но, желбата на Американецот не е да остане во Европа, туку од „стартиот континент“ да го трасира патот назад кон НБА лигата по пауза од две години.
Во меѓувреме тој настапуваше во првенството на Тајван каде беше голема атракција.
Некогашниот прв пик на драфтот во 2004 година последниот ангажман во најсилното кошаркарско првенство го имаше во Лос Анџелес Лејкерс со кој воедно го освои и единствениот шампионски прстен.