Евролигата се подготвува за коренити промени во текот на летово, веќе наголемо се дискутира за менување на системот на натпреварување, со оглед на најавеното зголемување на бројот на екипи во елитното европско натпреварување.
Без разлика дали руските клубови ќе се вратат од октомври 2025, челниците на Евролигата се подготвени за проширување на натпреварувањето. Како што открива првиот човек на Виртус Болоња, Масимо Занети, она што е сигурно е влегувањето на Дубаи во кошаркарската елита.
Овој тим се формираше пред само една година, бележи добри резултати во својата прва сезона во АБА-лигата, а откако Дубаи ја зеде организацијата на овогодинешниот фајналфор, се поизвесно е дека кошаркарскиот клуб од овој град ќе добие билет во проширената Евролига.