Кошаркарскиот клуб Дубаи официјално ќе стане член на Евролигата во 2025 година. Исто така, познато е дека сите учесници во елитното натпреварување ќе го задржат својот статус и нивното место е загарантирано.
Тимот од Обединетите Арапски Емирати е подготвен да вложи огромни средства во развојот на кошарката, па се очекува да привлечат сериозни и искусни имиња кои ќе треба на најдобар начин да го претстават клубот во европската елита.
Информацијата не е официјално потврдена од челниците на Евролигата, но тоа се очекува да се случи до крајот на актуелната сезона.
Дубаи од следната сезона ќе се натпреварува во Еврокупот, а потоа ќе започне со плановите за учество во најквалитетното натпреварување на стариот континент.