Кошарка

Дрес на Џејмс даден на аукција, се очекува да достигне рекордна сума

Дрес кој го носел Леброн Џејмс во средно училиште ќе биде ставен на аукција во Хонг Конг кон крајот на овој месец. Се очекува сумата за која ќе биде продаден да достигне рекордни нивоа.

Леброн го носеше споменатиот дрес кога беше ѕвезда во подем во средното училиште Сент Винсент-Сент Мери во неговиот роден град Акрон, Охајо.

-Се смета за најважниот дрес на Леброн Џејмс на сите времиња, го проценуваме на еден до два милиони долари. Сепак, слични дресови и помалку важни дресови се продадени за два до три милиони долари, изјави Дарен Џулиен, ко-основач на „Џулиенс аукшн“.

Според многумина најдобриот играч на сите времиња, Леброн играше за Кливленд, Мајами и Лос Анџелес Лејкерс, со кој наскоро ќе ја започне својата 22-ра сезона во НБА.

Тој освои четири прстени и четири пати беше прогласен за најкорисен играч во лигата.

To top