Повторно се актуелизира приказната за потенцијална соработка на НБА, Евролигата и ФИБА, која би резултирала со некое ново европско натпреварување.
Иако претходните состаноци не вродија со плод, од взаемен интерес за сите
заинтересирани страни е да се обидат да пронајдат решение за некој вид на нова Евролига. Долго време ФИБА и Евролигата се во „војна“, меѓутоа ако најдат консензус заедно со челниците на НБА би можеле работите да се променат.
Според добро упатените кошаркарски медиуми има концепт и идеја, меѓутоа ништо не е дефинирано.
Се најавува нов состанок на кој на маса ќе седнат претставници на ФИБА, Евролигата и НБА, па потоа се очекува да стане сè појасно.