По првиот меч по враќањето во Евролигата во дресот на Баерн Минхен Димитријевиќ ги сподели првите импресии од новата средина.
Минатата година играв во Минхен како ривал, а сега се чувствував подобро бидејќи навивачите беа зад мене. Се радувам на она што следува и среќен сум за стартната победа. Мислам дека одигравме поагресивен втор дел, подобро го контролиравме скоков, а кога имате шутер како Обст, тешко е да ве победат. Со него во тимот сугирен сум дека ќе имам многу асистенции.
Сакам само да му помогнам на тимот, да внесам енергија. Тренерот Светислав Пешиќ ми дозволува да бидам свој. Имав само еден тренинг со новите соиграчи, но морам брзо да учам“, изјави Димитријевиќ.
Во овој натпревар македонскиот плејмејкер одигра нешто повеќе од 17 минути, уфрли осум поени, подели четири асистенции и фати три скока.