Кошарка

Димитријевиќ: Играњето во Евролигата за мене е остварување на мојот сон

Димитријевиќ: Играњето во Евролигата за мене е остварување на мојот сон

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ оваа лето направи трансфер од Уникс Казан во Олимпија Милано и за првпат во својата кариера ќе игра во најсилната лига во Европа.

Тој во интервју за клупскиот сајт на неговиот нов клуб зборуваше за многу теми.

Според него доаѓањето во тимот од Милано за него е голем чекор во кариерата, а за настапот во Евролигата напомена:

Многу сум среќен што сум овде, искрено. Ја следам Евролигата уште од својата седма година, ја знам нејзината историја, знам кој победи на Ф4, кој се протагонистите. Да се биде дел од нејзе секако за мене е остварување на сонот. Едвај чекам да започнам да играм и да покажам што можам да направам. Првите недели во Милано беа исклучителни. Полека ги запознавам луѓето, оние кои работат во клубот, моите соиграчи. Секако дека сум среќен, гледам многу добри момци, со кои ќе ми биде задоволство да го делам теренот и евентуално да имаме победничка сезона. Тренерот ми рече да бидам свој, и тоа ќе го направам“ рече покрај другото Димитријевиќ.

To top