Машата држава ќе има двајца репрезенти на „ол-стар“ турнирот во ВТБ-лигата, регионалниот кошаркарски шампионат за Источна Европа.
Во една од екипите ќе игра Ненад Димитријевиќ. Плејмејкерот игра одлично за Уникс Казан и е лидер на тимот, па очекувано се најде на престижниот настан за руската и балтичката кошарка.
Втора година по ред дел од „ол-старот“ ќе биде и Емил Рајковиќ. Македонецот го води тимот на ЦСКА Москва.