Ненад Димитријевиќ и Итан Хап ја водеа Македонија со одлична игра до феноменален резултат против Полска и со тоа и повеќе од заслужено добија место меѓу петорицата финалисти за МВП признанието на второто коло.
Димитријевиќ со 32 поени беше прво име во нашиот табор, а во моментов е и најдобар стрелец во квалификациите. Од друга страна одлична партија имаше и најдобриот блокер досега во квалификациите Итан Хап кој постигна 19 поени.