Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ откако беше избран за МВП во регуларниот дел од сезоната, доби и место во идеалниот тим во четвртфиналето. Уникс во четвртфиналето ја елиминираше Самара, а Димитријевиќ повторно беше еден од најважните во тимот и најдобар поентер во серијата.
Покрај Димитријевиќ во идеалната петорка се уште: Морис Ндур (Локомотив Кубан), Амат Мбаи (ЦСКА), Луис Лабери (Уникс) и Винс Хантер (Зенит).
Во полуфиналето Уникс ќе се соочи со Локомотив Кубан.