Кошарка Сезоната ја започна со 38 поени

Дилема за Виктор Ефремовски: Врвни резултати има, но повик за репрезентација-НЕ!

Последните информации објавени за него во македонските медиуми се пред еден месец. По долго време, македонскиот (тогаш) репрезентативец Виктор Ефремовски беше прогласен за најдобар стрелец во домашното првенство.  На четири натпревари постигна 102 поена со дури 21 „тројка“.

Дилема за Виктор Ефремовски: Врвни резултати има, но повик за репрезентација-НЕ!

За претквалификациите за Евробаскетот, селекторот на машката сениорска репрезентација, Марјан Илиевски, избра 12 играчи кои добија повик. Меѓу нив не е Виктор Ефремовски.

По долги години во репрезентацијата, овој млад кошаркар чии резултати самите говорат за неговиот успех, годинава не беше повикан.

Лани Ефремовски беше најдобар македонски играч во АБА лигата со двоцифрен просек од 11.2. Во лигата, ланскиот просек му беше 12.1.

Сезоната ја започна со 38 поени на првиот натпревар. Првите 6 кола по ред беше прв стрелец во целата лига. Последните два натпревари беше на второто место со просен 20.01, но сè уште е прв поентер скорер Македонец.

Последните информации објавени за него во македонските медиуми се пред еден месец. По долго време, македонскиот (тогаш) репрезентативец Виктор Ефремовски беше прогласен за најдобар стрелец во домашното првенство.  На четири натпревари постигна 102 поена со дури 21 „тројка“.

Последниве информации се доволен предизвик, јасно и гласно да се постави прашањето: Зошто Ефремовски не доби повик од репрезентацијата?

Неговата кариера без престан оди во нагорна линија, но оваа неправда како голем камен му застана на патот.

И оваа дилема воопшто не е лична, не е кусо прашање за нечија моментална одлука, туку појава против која мораме да се реагира. „Опасноста“ некој со вакви резултати да не го добие заслужениот повик е целосна демотивација за едната и можен неуспех за другата страна.

To top