Кошаркарот на НБА екипата на Бостон, Џејсон Тејтум, ќе се врати на кошаркарските терени на 6 март, откако целосно закрепна од тешката повредата која ја заработи минатата сезона.
Според американските медиуми, се очекува Тејтум да биде во тимот на Бостон на дуелот на домашен натпревар против Далас, за прв пат откако ја скина Ахиловата тетива во првото коло од плејофот минатата сезона.
Тејтум веќе некое време тренира со полн интензитет со клупските колеги.
Бостон и во отсуство на Тејтум игра добро оваа сезона и се наоѓа на второто место во Источната конференција (41-20) зад лидерот Детроит.