Кошарка

Денвер Нагетс загуби од Бостон Селтикс

Денвер Нагетс загуби од Бостон Селтикс

Актуелниот шампион во НБА лигата Бостон Селтикс го совлада Денвер Нагетс со 110-103.

Бостон има скор од 43-28 и е далеку зад водечките Кавалирси, додека Нагетси се уште подалеку зад Оклахома (48-11), најдобриот тим на Западот.

Пет играчи на Бостон имаа двоцифрен учинок – Џејлен Браун постигна 22 поени (5 поени, 8 скока), Ал Хорфорд 19, Дерик Вајт 17, Џејсон Тејтум 16 и Пејтон Причард 11 поени. Никола Јокиќ мораше да стави мраз на ногата заради повреда, но и покрај тоа мечот го заврши со 20 поени (9/15 од поле, 2/3 за три поени), 14 скока и 9 асистенции за 39 минути.

Поефикасни од Србинот беа Џамал ​​Мареј со 26 поени и Крис Браун со 20 поени.

Селтикси во следниот натпревар ќе му гостуваат на Портланд, а Денвер ќе биде домаќин против Сакраменто.

 

To top