Тројца кошаркари во НБА тимот на Денвер Нагетс нема да бидат во составот на Мајк Мелоун за следната сезона.
Се работи за играчи кои се бореа за место меѓу 15-те кошаркари кои би добиле загарантирани договори или три позиции по кои би следеле двонасочни договори, односно Гејб Меглотан, Џејлин Вилијамс и Џамир Јанг.
Оваа одлука и не е премногу изненадувачка, особено ако се земат предвид нивните минутажи во изминатите две средби со Бостон Селтикс.
Впечаток е дека само Јанг успеа да го убеди Мелоун во својот квалитет, бидејќи на тие два меча собра 22 минути во Абу Даби и постигна вкупно 12 поени.
Од друга страна, Вилијамс воопшто не влезе на паркетот, додека Гејб забележа само четири секунди на теренот.