Кошарка

Денвер Нагетс поразен од Голден Стејт, дабл-дабл на Јокиќ

Денвер Нагетс поразен од Голден Стејт, дабл-дабл на Јокиќ

Голден Стејт вориорс ноќеска го победи Денвер нагетс на свој терен со 118:104 во натпревар од во регуларниот дел на НБА-лигата. За гостите од Колорадо ова беше трет пораз во низа.

Ниту дабл-дабл ефектот на Никола Јокиќ кој постигна 33 поени и 12 скока не му помогна на Денвер да го избегне поразот. На Србинот му недостасуваше само една асистенција да запише трипл-дабл.

Во домашниот тим најефикасен беше Стеф Кари со 36 постигнати поени. Голден Стејт е на 5. место во Западната конференција со скор 46-31 (победи-порази). Денвер е место погоре со биланс 47 победи и 31 загубен натпревар.

To top