Германскиот кошаркар Денис Шрудер доаѓа од Бруклин Нетс, а во спротивна насока замина бекот Диентони Мелтон и три пикови во втората драфт рунда. Исто така, Бруклин ќе добие и еден избор од вториот круг.
Шрудер во просек бележи 18,4 поени и 6,6 асистенции по натпревар, за 33,6 минути поминати на теренот.
Мелтон, пак, оваа година нема да може да им помогне на Нетс, бидејќи неодамна ги скина вкрстените лигаменти на коленото и за него сезоната е завршена.
На Вориорс загубија седум од последните девет натпревари и со Шрудер бараат излез од кризниот период.