Кошарка

Дел од екипите во Евролигата го продолжија договорот со лигата до 2040 година

Дел од екипите во Евролигата го продолжија договорот со лигата до 2040 година

Реномираниот „Еурохупс“ пренесе дека сè е договорено да има нов договор кој ќе биде во важност од 15 години меѓу неколку клува и Евролигата.

Сегашниот истекува следната сезона, а клубовите ќе потпишат нов кој ќе трае до 2040 година. Интересно е дека во структурите и натаму се наоѓа ЦСКА Москва која поради воената офанзива на Русија врз Украина веќе не игра во Евролигата, меѓутоа го држи своето загарантирано место.

Освен ЦСКА, сопственици на правата во Евролигата се уште: Реал, Барселона, Басконија, Ефес, Фенербахче, Олимпијакос, Панатинаикос, Жалгирис, Макаби, Милано, Баерн и Асвел.

Во приказната повторно ја нема Алба Берлин која во минатите месеци се бореше да добие трајна лиценца, меѓутоа тоа нема да се случи.

To top