Македонскиот кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски се најде во Топ-5 играчите на вчерашното трето коло во евроквалификациите, каде нашиот национален тим беше поразен од Литванија со резултат 67-82.
Капитенот на МЗТ Скопје имаше учинок од три поени, еден скок и една асистенција, но предничи во категоријата „освоени топки“ и има вкупно пет, најмногу од сите други играчи во останатите репрезентации.
Нашиот Стојановски имаше значаен придонес во одбраната, но Македонија не успеа да ѝ се спротивстави на силната Литванија, која доминираше во текот на целиот натпревар.
Избраниците на Александар Јончевски заминуваат на гостување кај истиот противник и ќе имаат тешка мисија за поправање на впечатокот од натпреварот во Скопје.