Кошарка

Дамијан Лилард победи во шут за три поени на Ол-стар викендот (ВИДЕО)

Дамијан Лилард победи во шут за три поени на Ол-стар викендот (ВИДЕО)

Дамијан Лилард не одигра ниту една минута за Портланд оваа сезона, но сепак најде начин да остави впечаток на Ол-стар викендот во Лос Анџелес.

Лилард , кој е надвор од терените од април минатата година поради скината Ахилова тетива, победи во шутирање тројки.

Тој во финалето постигна 29 поени со последниот шут, и го победи Девин Букер, кој ги промаши последните три топки и заврши со 27 поени.

Ова е трета победа за Лилард со тројки, со што се изедначи со Лари Берд и Крег Хоџис .

Меѓу избраните шутери за три беа и: Донован Мичел од Кливленд Кавалирс, Норман Пауел од Мајами Хит, Џамал ​​Мареј од Денвер Нагетс, Тајрис Макси од Филаделфија 76ерс и Боби Портис Џуниор од Милвоки Бакс.

To top