Далас Маверикс ja совлада Оклахома Сити Тандер вo „Американ Ерлајнс Центар“ со 101-105 и поведе со 2-1 во серијата од втората рунда на НБА плеј-офот.
Во клучните моменти Кајри Ирвинг ја демонстрираше својата „магија“. Двајца од најдобрите играчи на Тандерси, Џејлен Вилијамс и Шај, ја стопија разликата во брутална битка за секој поен. Иако фантастичната одбрана беше клучот,
Маверикси до победата ги водеше Кајри Ирвинг, кој стана негов заштитен знак во второто полувреме во плеј-офот оваа сезона.
Дончиќ на крајот од натпревар едвај успеа да се потпре на десното колено, а дуелот го заврши со 22 поени, исто колку и Кајри Ирвинг, а Пи Џеј Вашингтон запиша 27 поени. Во редовите на Оклахома, Шај запиша 31 поен и 10 скока, а Џејлен Вилијамс беше автор на 16 поени.