Далас Маверикс го победи Бостон со 122:84 на домашен терен во четвртиот натпревар од финалето на НБА намалувајќи ја предноста на Селтикси на 3:1 во серијата до четири победи.
Триумфот на Мавс над Селтикс со 38 поени е третата најубедлива победа во финалето на НБА по +42 Булс против Џез во 1998 година и +39 Селтикс над Лејкерс во 2008 година.
Така Далас се спаси од метлата со историска победа, но Бостон сепак има огромна предност, бидејќи освен две победи повеќе, единствената преостаната што му е потребна за титулата ќе ја бара на домашен терен. Серијата се сели во Бостон.
Лука Дончиќ го предводеше Далас до победата со 29 поени, 5 скока и асистенции и 3 украдени топки. Сето ова го постигна за само 32 минути, немаше потреба да игра повеќе откако постигна дури 25 поени до полувремето.