НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.
Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.
Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.
„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт