Далас имаше предност и од 25 поени, но сепак загуби од Милвоки со 129-117 во синоќешниот меч во НБА лигата кој претстуваше пресметка меѓу Лука Дончиќ и Јанис Антетукомбо.
Но, она што ги оздави без здив фановите на Дончиќ беше по само шест минути игра. Словенецот се впушти во дуел со Јанис и во еден момент го извлече подебелиот крај.
Откако куцајќи го напушти теренот и се упати кон соблекувалната се сомневаше на најцрното сценарио, но за среќа набрзо се врати на паркетот.
Потоа беше видно расположен за игра, завршувајќи го мечот со 40 поени и 11 скока. Во победничкиот тим најефикасен беше Јанис со 48 поени, а одлична поддршка имаше од Демијан Лилард со 30 поени.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Бруклин 121-136
Атланта – Голден Стејт 141-134
Чикаго – Сакраменто 115-123
Далас – Милвоки 117-129
Њујорк – ЛА Лејкерс 105-113
Сан Антонио – Кливленд 101-117