Денвер нагетс рано утрово го победи Голден Стејт вориорс со 116:93 во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ, со дабл-дабл ефект од 25 поени и 15 скока го предводеше својот тим до триумфот.
Денвер го доби својот шести натпревар по ред. Се наоѓа на четвртото место на табелата во Западната конференција (48-28 победи-порази). Голден Стејт (36-39) е на 10-то место.
Тимот на Бруклин ја прекина серијата од 10 порази. Нетс ноќеска го совладаа Сакраменто на домашент терен со 116:99.
Бруклин победи по 10 последователни порази. Тие се на 13. место на табелата во Источната конференција (18-57). Сакраменто (19-57) е на 15. место во Западната конференција, претрпувајќи го својот четврти последователен пораз.
На другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта недела кон понеделник:
Шарлот – Бостон 99:114
Портланд – Вашингтон 123:88
Торонто – Орландо 139:87
Њу Орлеанс – Хјустон 102:134
Оклахома – Њујор 111:100.