Црвена Звезда испиша нова страница во својата европска историја. Со победа од 90:75 над актуелниот шампион Реал Мадрид, црвено-белите го срушија Реал Мадрид.
Саша Обрадовиќ, во своето второ доаѓање на клупата, успеа да го запали пламенот кој долго недостасуваше со тимски дух, борба и карактер.
Милер-Мекинтајер заврши со 18 поени, 8 асистенции и 8 скока – партија за антологија. Нвора му се придружи со 18 поени, Монеки со 15, Ожелеј со 13, а Калиниќ со 10.