Некогашната НБА ѕвезда и четирикратен Ол-стар играч ДеМаркус Казинс кариерата ќе ја продолжи во Монголија.
Кошаркарот кој со САД има освоено златен медал на Олимписките игри и на Светско првенство, сигурно не ни можел да претпостави дека ќе игра во првенството на Монголија, но тоа сега е реалност.
Казинс е преставен како големо засилување на тимот на Селенге и главна цел е освојување на титулата во домашното првенство, но тимот да игра и значајна улога во кошаркарската Лига на шампиони во Азија.