Кошарка

Чаир 2030 убедливо го совлада Вадар, Кожув подобар од Куманово

Чаир 2030 убедливо го совлада Вадар, Кожув подобар од Куманово

Кошаркарскиот клуб Чаир 2030 на домашен терен го совлада Вардар со 104-80. Чаирчани текот на средбата го најавија уште во првата четвртина која ја добија со 26-7, а продолжија во одлично темпо и во нападот за предност од +28 (58-30) на полувремето.

Избраниците на Рамадан продолжија да го диктираат темпото и до самиот крај за петиот триумф во сезоната.

Со 38 поени, 11 скокови и 5 асистенции Кели беше прво име кај Чаир, додека 12 поени и 15 скокови за Вардар постигна Стивенс.

Значајна победа забележа и Кожув кој на домашен терен славеше со 82-74 против Куманово. Убедливата втора четвртина во која гевегеличани постигнаа 34 поени, а примија 21 им донесе позитива која беше задржана до самиот крај на средбата.

Во третата и последната четвртина Куманово успеа да се врати на негатива од еден напад, но налетот на гостите беше спречен и победата заверена со серија од 9-0 во последните четири минтуи.

Со 21 поен и 5 скокови Стевановиќ го предводеше Кожув, додека 23 поени и 8 скокови за Куманово забележа Радукиќ.

To top