Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ во голем стил ќе се збогува од кошарката, со меч со бројни кошаркарски ѕвезди, кои ќе ги донесе во Љубљана.
Прошталниот натпревар на Драгиќ ќе се одигра на 24 август во арената „Стожице“, каде ќе биде кошаркарскиот центар на светот.
„Ноќта на змејот“, како што ја нарекуваат средбата, ќе собере големи кошаркарски имиња од регионот, Европа и НБА лигата.
Доаѓањето на натпреварот го потврдија Стив Неш, Лука Дончиќ, Дирк Новицки, Никола Јокиќ Владимир Радмановиќ, Робин Лопез, Крис Бош, Бобан Марјановиќ, Бено Удрих,Богдан Богдановиќ, Марко Симоновиќ, Луис Скола, Дејан Бодирога, Предраг Даниловиќ , Саша Загорац, Небојша Јоксимовиќ, Леандро Барбоса, Зоран Драгиќ, Јака Лаковиќ, Мирослав Бериќ, Јака Блажиќ, Едо Муриќ, Домен Лорбек, Жига Димец, Никола Вучевиќ,, Алексеј Николиќ, Марко Милиќ, Матиќ Ребец, Гашпер Вилдмар, Александар Чапин, Влатко Чанчар, Урош Слокар, Рашо Нестеровиќ, Саша Павловиќ, Сани Бечировиќ, Боштјан Нахбар, Матјаж Смодиш, Примож Берец, Клемен Препелич, Миха Жупан и Саша Ѓорѓевиќ.
Натпреварот е од хуманитарен карактер. Заработката од гала вечерта, која ќе се организира претходната вечер, како и приходите од продажба на билети, ќе бидат распределени на словенечката хуманитарна организација „Ботрство в спроту“ и „Фондацијата Горан Драгиќ“.