Во пеколот на „Штарк Арената“, Црвена Звезда заслужено славеше над Монако со 91-79.
Ова беше втора „шлаканица“ по ред за тимот од кнежевството во Белград, по поразот од Партизан во вторникот.
Српскиот шампион го скрши отпорот во последната четвртина, предводен од инспирираниот Огњен Добриќ, кој со 22 поени го израмни рекордот на кариерата, и новото засилување Џаред Батлер (20 поени).
Кај гостите, 18-те поени на Мајк Џејмс не беа доволни. Со оваа победа, Звезда скокна на делба на првото место со скор 8-3.
Дербито на вечерта се одигра во „Визинк Центарот“, каде Панатинаикос го совлада Реал Мадрид со 87-77, комплетирајќи перфектна недела на гости.
Ергин Атаман повторно ја имаше добитната формула. Ти Џеј Шортс одигра како во транс со 19 поени и 6 асистенции, додека Кенет Фарид доминираше во рекетот со 16 поени и 8 скока. „Кралевите“ ја прекинаа серијата од пет домашни победи и паднаа на скор 5-6.
Во дуелот на актуелните шампиони на Евролигата и Еврокупот, Фенербахче го совлада амбициозниот Хапоел Тел Авив со 74-68.
Турскиот гигант ја направи разликата во третата четвртина со серија од 11-0 и успеа да го издржи налетот на гостите предводени од Елајџа Брајант (19 поени).
Париз Баскет ја прекина црната серија од четири порази со неверојатен пресврт против Валенсија (90-86).
Шпанците водеа со 86-79 на помалку од 3 минути до крајот, но тогаш следеше „ураган“ од Париз. Серија од 11-0, зачинета со тројката за победа на Себастијан Херера на 4 секунди до крајот, донесе делириум во салата.