Црногорскиот Будуќност го победи Партизан со 81-77 во дербито на јадранската АБА лига, па сега овој тим е осамен на врвот на табелата и како што стојат работите на три кола до крај на регуларната сезона, би играле полуфинале со Црвена ѕвезда, додека Партизан би се сретнал со Дубаи.
Американците Рајт, Морган и Ферел беа предводници на Будуќност, а црногорскиот тим имаше и повеќе скокови и асистенции од Партизан против кој решија четирите слободни фрлања (двата тима погодија ист број на тројки и шутеви за два поени) повеќе кои ги имаа во однос на гостинот.