Бразилскиот кошаркар Бруно Кабокло, стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина и потпиша договор со екипата на Хапоел Тел Авив.
Хапоел ќе плати отштета во висина од 600.000 евра за неговите услуги, а воедно му понуди и договор вреден 3,5 милиони евра за две сезони.
Минатата сезона во Евролигата просечно бележеше по 9,4 поени и 3,9 скокови, a летово имаше и феноменален настап на Олимписките игри, каде за својот Бразил имаше просек од 17,5 поени и седум скокови по натпревар.