Кошарка

Бруно Кабокло дефинитивно се сели во НБА лигата

Бруно Кабокло дефинитивно се сели во НБА лигата

Бразилскиот кошаркар Бруно Кабокло ќе се врати во НБА лигата, каде последен пат настапуваше во сезоната 2020/21.

Одличниот бразилски крилен центар доби повик од екипата на Кливленд и голема е веројатноста наскоро да потпише двегодишен договор објавија американските медиуми.

Кабокло одигра една сезона за Партизан, а претходно настапуваше за Сакраменто, Торонто, Мефис и Хјустон во НБА лигата. Исто така, ги бранеше боите на Лимож, Сао Паоло и Ратиофарм Улм.

To top