Микал Бриџис се договори со челниците на Њујорк Никс за продолжување на соработката.
Бриџис ќе го носи дресот на тимот од „Големото Јаболко“ во следните четири години, а за тоа ќе добие 150 милиони долари. Според договорот, клубот нема право да го продаде во првите шест месеци.
Бриџис е една од најважните алки во обидот да се изгради тим способен да ја освои титулата. Минатата година имаше просек од 17,6 поени, 3,7 асистенции и 3,2 скока.
Познат е и по тоа што не пропушти ниту еден натпревар во кариерата, ниту на колеџ, ниту во НБА. Одигра 556 натпревари во најсилната лига во светот.Пред Њујорк, ги носеше дресовите на Финикс Санс и Бруклин Нетс.