Кошарка

Брејк на Бостон во Далас и водство од 3-0 во финалната серија

Брејк на Бостон во Далас и водство од 3-0 во финалната серија

Кошаркарите на Бостон победија во Далас во ттретиот меч од финалната серија со 106-99 и се на прагот пред освојување на шампионската титула во НБА лигата.

Првиот кошаркар на Далас, Лика Дончиќ направи чест лични грешки мечот го заврши на четири минути пред крајот.

Иако гостите во третата четвртина водеа со 21 поен разлика поточно 91-70 Далас не се откажа и дојде до минус три поени пред крајот 91-88, но сепак гостите рутинирано дојдоа до победа на крајот од мечот.

Најдобри кај Бостон во победата беа Тејтум кој постигна 31 поен, додека Браун реализираше 30 поени.

Кај Далас Ирвинг постигна 35 поени, додека Дончиќ имаше 27 поени.

Следниот натпревар ќе се одигра во ноќта помеѓу петок и сабота во 2 часот и 30 минути по полноќ.

 

 

To top