Страхиња Јокиќ, братот на Никола Јокиќ е приведен и обвинет за физички напад на лице на натпревар во Денвер Нагетс. Страхиња беше уапсен во јули, а казната штотуку му беше изречена и е осуден за напад од трет степен.
Нападот од трет степен генерално се смета за најмалку сериозна форма на напад. Многумина го дефинираат нападот од трет степен како несовесно предизвикување страв од повреда на друго лице.
На тепачката претходеше расправија, а нападнатиот навивач не сакал да оди на суд, но по притисок на медиумите се решил да сведочи.
Strahinja Jokic was charged with third-degree assault after a video went viral on social media that appeared to show him punching a man in the face at Denver’s Ball Arena during a game against the Los Angeles Lakers, per @denverpost
— NBACentral (@TheDunkCentral) August 22, 2024