Кошарка

Босна го совлада Работнички во АБА 2 лигата

Босна го совлада Работнички во АБА 2 лигата

Во доминантна игра гостите од Сараево, Босна и Херцеговина, беа подобри од македонскиот кошаркарски клуб Работнички во АБА 2 лигата и славеа со убедлив резултат (99:74).

Ова е трет пораз за скопските „црвено-бели“ во регионалното натпреварување во исто толку натпревари, а втор на домашен терен.

Поранешниот европски шампион Босна стигна до доста лесен триумф во СРЦ „Кале“ – Скопје. Од првата до последната минута доминираа сараевските „студенти“ против некогашниот македонски првак.

Играа, особено, доста ефикасно гостинските кошаркари, констатно во три периоди од играта.

Полутак реализираше 27 поени, му недостасуваше еден скок за двоен ефект, а имаше и две асистенции.

Шошкиќ постигна 13 поени (имаше и седум асистенции), додека Јовичиќ реализираше 11 поени.

 

To top