Српскиот кошаркар Бориша Симаниќ го одигра првиот натпревар по пауза од една година и тоа во дресот на Игокеа во победата во пријателскиот дуел со Борац Бања Лука.
Тој одигра 18 минути и постигна осум поени имаше четири скока, две украдени топки и една асистенција.
За Симаниќ ова беше прва средба откако на финалето од Светското првенство во Манила заработи тешка повреда во дресот на Србија, кога остана без бубрегот по еден дуел со противнички играч ,ситуација во која и неговиот живот беше во опасност.